Москва: Украинските националисти подготвуваат провокација во Харков со учество на западни медиуми

Ситуација на граници Русије и Украјине у Белгородској области - Sputnik Србија, 1920, 04.03.2022

краинските националисти подготвуваат провокација во Харков со учество на новинари од западните земји, соопшти руското Министерство за одбрана.
Како што изјави за новинарите претставникот на Министерството, Игор Конашенков, националистите поставиле повеќецевни ракетни фрлачи меѓу станбените згради во тој украински град, а жителите, вклучително и децата, не смеат да ги напуштат зградите.
Целта на националистите е да ги испровоцираат руските сили да отворат оган врз станбените делови на градот и сето тоа да биде снимено за западните медиуми.
Конашенков рече дека овие системи сега се во состојба на подготвеност да пукаат врз руските сили кои се надвор од градот.
Претставникот на руското Министерство за одбрана истакна дека руската армија дејствува на широк фронт заедно со единиците на ДНР и ослободува нови области.

За граѓаните на Херсон 140 тони помош
Конашенков додаде дека руската армија на граѓаните на Херсон доставила 140 тони помош и лекови.
Тој додаде дека продолжува испораката на хуманитарна помош.
Националистите сакаат хуманитарна катастрофа во Донбас
Украинските националистички одреди, рече Конашенков, се обидуваат да направат хуманитарна катастрофа во Донбас со повлекување.
Овие единици ги оштетуваат клучните инфраструктурни објекти, како и системите за снабдување со енергија и вода.
„Целта на ваквите акции е да се создаде хуманитарна катастрофа во Донбас“, рече Конашенков.