Мицкоски од Штип: Ова е одличен момент да покажеме дека сме посилни од сите предрасуди и дека само обединети и заедно без вештачки наметнати поделби од владата можеме да ги поразиме сите предрасуди и обединети на крај да победиме!
Денеска во организација на Унијата на жени сме во Штип да го одбележиме денот на жената 8ми март, на мајката, на сестрата на колешката, на пријателката итн. Со овој протестен марш практично протестираме за сите оние жени кои што се дискриминирани, но и воопшто за луѓето кои што се дискриминирани во Македонија, бидејќи тешко се живее, повеќе од половина милион луѓе кои живеат со помалку од 150 денари на ден, рафтовите на продавниците се празни, инфлацијата е голема, стандардот е се понизок, и луѓето практично ден за ден едвај крај со крај врзуваат, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Тешко се живее со оваа криминална и корумпирана влада, нормално администрирана со Ковачевски.
Така што мислам дека ова е одличен момент да покажеме дека сме посилни од сите предрасуди и дека само обединети и заедно без вештачки наметнати поделби од владата можеме да ги поразиме сите предрасуди и обединети на крај да победиме.
А јас сум убеден и во жената, но убеден сум и во народот на Македониј дека заеднички ќе победи и заеднички ќе ги совлада сите предизвици“ – порача Мицкоски.