Мицкоски за изјавата на Борел: Доста отстапки правиме, како може да го погледнат народот во очи и постојано да повторуваат исто, оваа земја заслужува датум и покрај сите неспособности на власта
Па на времето кога доаѓаа Хан и неговите претходници ни велеа преку Атина. Сега доаѓа Борел ни вели преку Софија. Утре Господ знае преку кој друг ќе ни кажат, а толку отстапки овој народ направил и оваа мала држава што веќе стварно навистина не знам како не им е жал да го гледаат народот во очи и истото како расипана плоча да им го повторуваат, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5, одговорајќи на прашањето како ја коментира изјавата на Борел дека има волја за почеток на преговорите, но не и датум.
Мицкоски потенцираше дека македонскиот народ и држава заслужуваат да започнат преговори со Европската унија и да не бидат предмет на дополнителни понижувања и уценувања.
Овој народ и оваа држава заслужува да ги започне тие преговори, настрана неспособните политичари и настрана криминалните политиките што се водени, барем на политичко ниво, солидарност и она сето што го направи овој народ за Европа заслужи да ги започне тие преговори, да не биде предмет на дополнителни понижувања и уценувања, смета Мицкоски.