Мицевски: Истите закони ги имаме поднесено на 28ми февруари, или пред точно 12 дена!
Мицевски на фејсбук:
Истите закони, кој што денес ги поднесуваат како итни, ги имаме поднесено на 28ми февруари, или пред точно 12 дена.
Нашите законски решенија, предвидуваа намалување на акцизата за 50%, и намалување на ДДВ-то за сите прехрамбени производиод 5% на 0%.
И сега ќе глумат дека ги спасуваат граѓаните.
Гужвите на бензинските, несигурноста на граѓаните, неизвесноста на компаниите, е вина само на Владата и на оваа корумпирана власт.
Поради ненавременото менаџирање и неспособноста за носење на одлуки се носат несреќни задоцнети решенија.
За жал, резултатите и неспособноста ке ги осетат на своја кожа граѓаните.
#оставкинеспособни
#военипрофитери