Мисајловски: Власта го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за покачување на пензии за да ја вратат старата пресметка која што тие ја укинаа во 2018-та година
„Пред само една недела побаравме да се зголемат пензиите, ние како ВМРО-ДПМНЕ бевме одбиени. А, предложивме закон. Зашто од власта не го прифатија? Зар не гледаат каква е ситуацијата? И потоа власта со некој евтин трик го врати онаа старата пресметка што ВМРО-ДПМНЕ ја донесе како проект во 2012-та година. И сакаат да пробаат нешто старо. Нешто што претходно било, што го укинале, зборувам го укинаа тие тоа во 2018-та година. Тогаш го укинаа, за сега да покажат дека враќаат нешто што им следувало на пензионерите“, истакна Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.
Мисајловски додаде дека исто така платите на наставниците ако се говори за онаа минимална плата од 18.000 денари, сега се има многу категории на граѓани што се израмнуваат. И некои со факултет земаат исто со некој со средно образование.
„Јас не го спорам квалитетот на луѓето но сакам да кажам дека нема скалесто качување на платата и тое голем проблем. Кога целата потрошувачка кошничка расте, просечната плата сепак е минимална. Кога економијата не расте, сега имаме нов проблем каде што сите оние мали компании не можат доволно профит да обезбедат, ќе испуштат и работници. Бидејќи поскапуваат сите намирници, поскапуваат суровините, се качуваат цените и со тоа фирмите имаат помал промет. И тоа е реалност во Македонија. И покрај сето ова што се случува власта вели не се грижете ситуацијата е во ред, се е под контрола. А, ништо за жал не е под контрола“, рече Мисајловски.
Мисајловски посочи дека власта уверуваше дека струјата нема да се покачи, па се виде колку не се покачи. ВМРО-ДПМНЕ протестираше за покачувањето на струјата.
„Ние знаеме тие што планираат. Тие планираат со многу зголемени даноци и давачки да го наполнат буџетот. И сега видете нив како да им одговара зголемување на цените за поголемо ДДВ, за поголеми акцизи за да го наполнат буџетот бидејќи немаат доволно средства. Вие гледате дека нема капитален пеоркет во Македонија“, појасни Мисајловски.
Мисајловски укажа дека со оваа власт нема раздвижување на економијата, нема голема странска инвестиција.