Милошоски: Проблем е кога граѓаните точат нафта на Лукоил, но кога Уљуси Бекири (директор на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви) купува голема количина на нафта од Лукоил, за што пред неколку дена им исплатил 500.000 евра, може така!
„За министерот Бујар Османи од ДУИ голем проблем е кога граѓаните за 500 денари точат скапа нафта на Лукоил, но кога се големи пари во прашање ДУИ немаат проблем, па затоа нивниот Уљуси Бекири (директор на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви) купува голема количина на нафта од Лукоил, за што пред неколку дена им исплатил 500.000 евра. Каква хипокризија“ – напиша на својата официјална страна Милошоски.