Ефтимов: Јасно е дека СДСМ се крие зад ДУИ кога се работи за промена на изборниот модел односно за една изборна единица

2 Дајанчо Ефтимов Собраниска седница 09 3 2022 - YouTube

Веќе станува на сите јасно дека СДСМ се крие зад ДУИ кога се работи за промена на изборниот модел односно за една изборна единица.

СДСМ иако во својата програма вети една изборна единица сега гледаме како преку коалицискиот пазар со ДУИ пробуваат да ја продадат приказната лош и добар полицаец односно дека тие се за една изборна единица додека ДУИ е таа што е против.

ДУИ има јасна цел овој процес воопшто да не почне со што процедурата во Собранието би била блокирана, а СДСМ знаејќи го тоа повикува на консензус од сите партии иако знае дека тоа е невозможно.

Сметаме дека на јавната дискусија која што треба да се организира во Собранието најјасно ќе се види кој е за ваков изборен модел, а кој не е.

Истовремено, претседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека за ова прашање треба консензус од сите партии и се друго е ултиматум и обид за надгласување.

Сакаме да го потсетиме Џафери дека кога се работи за измени во Изборниот законик тој е човекот што без консензус го менуваше пред избори и последниот случај со распишувањето на локални избори во Маврово- Ростуша во кој немаше консензус од сите политички партии.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ даде безусловна поддршка за почнување на дебата во Собранието и затоа ги повикуваме СДСМ јасно да каже дали ќе си го исполни ветувањето дадено пред граѓаните или ќе продолжи да се крие зад ДУИ кои јасно кажаа дека нема да дозволат Македонија да биде една изборна единица.

Постави одговор

Your email address will not be published.