Дипломатија левел мизерија – Фрчковски (читај тепачот на жени) со указ од Пендаровски назначен за амбасадор во ОН
Претседателот Стево Пендаровски со указ го назначи професорот Љубомир Фрчкоски за ополномоштен амбасадор на Македонија при Организацијата на Обединетите нации во Њујорк, потврдија за МИА од претседателскиот кабинет.
Инаку, уште во јуни минатата година Министерството за надворешни работи побарало од надлежната комисија во Собранието да закаже седница за презентација на тезите на кандидатот, согласно воспоставената пракса.
„Пред еден месец Министерството за надворешни работи упати втора замолница до истата комисија, но претседателот на комисијата повторно одби да закаже седница, по што претседателот Пендаровски го потпиша указот, затоа што сите законски услови беа исполнети“, брифираат за МИА од Кабинетот на шефот на државата.
Според Кабинетот, постапката за именување амбасадор завршува со одбраната на тезите на кандидатот пред колегиумот на Министерството за надворешни работи, а тоа, подвлекуваат, Фрчкоски го има направено уште минатата година.
„Индикативно е што во изминативе десетина месеци, на осум кандидати за амбасадори им беше овозможено да ги презентираат своите тези пред собраниската комисија, само за кандидатот за амбасадор при нашата мисија во Обединетите Нации таква седница воопшто не беше закажана, велат за МИА од Кабинетот на претседателот Пендаровски.
Коментарот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ:
„Тежок блам за Пендаровски, човек кој тепаше жени ќе ја преставува државата во ООН.Љубомир Фрчкоски е човек кој беше пријавен за тепање на жена на паркинг, тој е човекот кој беше обвинет за учество во шверцот на нафта и цигари во 90тите години.Во време на Фрчкоски се случи атентатот врз Претседателот Киро Глигоров, кој потоа никогаш не беше расчистен.
Љубомир Фрчкоски е човек со сомнително минато, кој ќе остане запаметен по скандали и криминали.Соединетите американски држави не го прифатија Фрчкоски за амбасадор во Вашингтон, а сега Пендаровски го праќа на нивна територија во Њујорк. Пендаровски ги потценува САД.
Пендаровски го нарушува угледот на Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.