Василевска: До кога ќе бидеме заложници на социјални експерименти кои ја дефокусираат јавноста од сеопштата криза?

Василевска: 27 април беше холивудско сценарио - НОВА ТВ

Денес на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците беше повлечен скандалозниот Предлог на закон за матична евиденција.

Со самата најава на Законот по социјалните медиуми, Владата покажа дека наместо да се зафати со решавање на суштинските проблеми на македонските граѓани, поради својата незаинтересираност и огромната неспособност пушта закони, пробни балони кои имаат за цел да го оттргнат вниманието на граѓаните од сеопштата криза која го разорува животниот стандард.

Со вчерашната најава дека овој Закон ќе биде повлечен, Владата уште еднаш демонстира неединство помеѓу коалициските партии во власта. – Па затоа прашуваме: На какви нозе стои тесното парламентарно мнозинство?!

Како и во многу наврати досега, Владата го злоупотреби европското знаменце бидејќи и овој Закон беше испратен со европското знаме до Собранието иако не се повикуваше на никаква европска легислатива, со што дополнително го загрози угледот на македонската држава во меѓународните организации.

Бараме СДСМ да одговорат: Која е вистинската причина за повлекувањето на овој скандалозен закон и дали истиот закон имаше владина поддршка од сите политички партии кои се дел од власта?! – Прашуваме, до кога ќе бидеме заложници на социјални експерименти кои го уништуваат и духовно и ментално цивилизираниот општествен поредок? – Воедно, апелираме до власта дека треба да престанат со праксата на потценување на мекадонските граѓани и да се ослободат од заложниците и ветувањата кои ги донесоа на власт!

Постави одговор

Your email address will not be published.