Џафери потврди дека власта ги кочи именувањата во Уставен, и сака да го партизира целосно по примерот со Кацарска

Соопштение до јавноста – реакција на ставот на Талат Џафери за несвикување на седница на комисијата за избори и именувања

За ВМРО-ДПМНЕ одбивањето на Талат Џафери да ги примени своите законски овластувања и да ја свика седницата на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата за да може да се изберат новите членови на Уставниот суд претставува продолжение на неговите недемократски и политички коруптивни постапки во раководењето со законодавниот дом на Република Македонија.

Талат Џафери, блокирајќи ја можноста за избор на членови на Уставниот суд додека не се создаде ново мнозинство во Комисијата за прашањата на изборите и именувањата, по којзнае кој пат покажа дека продолжува да го реализира сценариото на СДСМ за натамошна партизација на Уставниот суд, чин кој започна со изборот на Добрила Кацарска.

ВМРО-ДПМНЕ, како и повеќе пати во минатото, му порачува на претседателот на Собранието, Талат Џафери, да прекине со ваквата лична сервилност кон двоецот Заев-Ковачевски бидејќи забрзано ја носи ја државата кон автократски режим управуван од ДУИ и СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ го потсетува Талат Џафери дека сталинизмот и комунизмот во кои тој израснал и очигледно се инспирирал, се идеолошки концепти кои одамна се надминати и дека за овие незапаметени преседани носи директна лична одговорност пред граѓаните, но особено пред Уставот и Законите на Република Македонија.