Ќе има ли крај: Горивата повторно поскапуваат,бензините за денар и пол, дизелот за два денари
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија, на седницата одржана на 07.02.2022 година, донесе одлука за зголемување на цените на нафтените деривати и горивата за транспорт.
Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт,
изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 81,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 83,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 73,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 73,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 46,537 (денари/килограм)