Украинско МНР: Ова е чин на војна, напад на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин најави почеток на нов бран на агресија против Украина.

Целта на руската офанзивна воена операција е уништување на украинската држава, насилно заземање на украинска територија и воспоставување окупациска контрола.

Руските војски остваруваат напади на мирните украински градови од различни правци, вклучително и од страната на привремено окупираните Донбас и Крим, како и североисточниот регион.

Ова е чин на војна, напад на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, грубо кршење на Повелбата на ООН и основните норми и принципи на меѓународното право.

Украина го активира своето право на самоодбрана во согласност со меѓународното право.

Борбениот дух на украинските војници е висок, нашите бранители се подготвени да и дадат решителен отпор на државата агресор и со сите сили ќе ја бранат украинската земја.