Руската армија заплени „џавелини“ и NLAW, се повеќе украински војници доброволно се предаваат

ВИДЕО| Украински војници се предаваат во Луганск и Доњецк | NetPress

Шефот на Доњецката Народна Република Денис Пушилин изјави дека се зголемува бројот на украинските војници кои доброволно се предаваат.

„Тие ја донесоа вистинската одлука – да го положат оружјето, а не да пукаат во жителите на Донбас“, нагласи Пушилин. Според него, секој од затворениците потпишува договор дека нема да учествува во воените дејствија, по што војната завршува за нив. „По завршувањето на борбите, тие ќе можат да се вратат дома“, рече Пушилин, додавајќи дека припадниците на украинските безбедносни сили кои нема да го положат оружјето ќе бидат ликвидирани.