Предавство пар екселанс: Македонија се обврзала заедно со Бугарија да испрати допис до Европската Комисија во кој ќе се обврзе дека ќе го смени Уставот и во него ќе ги впише и Бугарите

По вчерашната средба со премиерот Димитар Ковачевски на безбедносната Конференција во Минхен, Кирил Петков, премиерот на Бугарија во интервју изјави дека ќе бара Брисел да гарантира вметнување на бугарите во уставот на Република Македонија. Рече дека планираат со Ковачевски да го испратат овој заеднички предлог во Европската комисија, што тие двајцата, нормално, го гледаат како огромен успех во преговарачката рамка.

По ова може само да се заклучи дека Ковачевски се согласил промената на Уставот да стане официјален услов за прием на Македонија во ЕУ.

Прашањето е како планираат СДСМ и Ковачевски да го спреведат, кога за отварање на уставот им е потребно 2/3-ко мнозинство, а добро знаеме дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара реципроцитет – и македонската заедница да биде внесена во Уставот на Бугарија.