Понесете чадор – времето денес променливо облачно со повремен дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремен дожд, повеќе во западните делови.

Ќе дува умерен, а во Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Како што информираат  од Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе се движи од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Од утре ќе биде стабилно и суво со повисоки дневни температури, особено во сабота. Во петок ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најавува УХМР.