Трет ден од почетокот на руската воена операција во Донбас. Во текот на ноќта руската армија со крстосувачки ракети од море и од воздух ги нападна воените објекти во Украина и воспостави целосна контрола над Мелитопол.
Во меѓувреме, официјален Киев објави дека е подготвен за преговори со Русија за неутрален статус. Гранатирањето продолжува во Донбас. НАТО денеска одржува вонреден самит.
Украинските националисти со ракетни системи „Град“ го гранатираа станбениот кварт на градот Старобилск, кој се наоѓа во Луганската Народна Република, соопшти руското Министерство за одбрана.
Како што се наведува, има и загинати и ранети, иако нивниот точен број не е прецизиран.
Рускиот воен оддел наведува и дека украинските сили имаат намера да извршат напади врз Крематорск и Славјанск.
Министерството за одбрана на Русија наведува и дека руската армија не ги гаѓа украинските населени места и дека се преземаат сите мерки за да се спасат животите на граѓаните.
Народната милиција на Народна Република Луганск воспостави контрола врз контролниот пункт „Станица Луганска“ на демаркационата линија, како и врз истоимената населба, изјави портпаролот на Народната милиција, Иван Филипоненко.
Припадниците на Народната милиција рекоа дека станицата Луганск била окупирана без испукан куршум, а украинската армија ја напуштила.
Претходна сторија