Кризата е огромна, а оваа влада се покажа како најнеспособна и корумпирана и нема одговори, решение се предвремени парламентарни избори

Апелираме и власта да прекине со криминал и корупција и да се посвети на актуелните случувања, имајќи предвид дека кризата е огромна. Прашање е дали ќе има доволно жито, каква е состојбата на македонското производство, со увозот на суровини, транспорт и што ќе се случува со енергенсите и електричната енергија. Оваа влада се покажа како неспособна и корумпирана, не успеа да произведе доволно електрична енергија дома, од нашите капацитети и мораме да увезуваме, а таа цена е 5 пати поскапа и прашање е колку ќе е поскапа понатаму, изјави за „Што не е јасно“ на Алфа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој вели дека покрај сето тоа прашање е и цената на горивата, греењето, власта нема одговори, а тоа граѓаните ќе го почувствуваат, додавајќи дека денеска и македонската берза трпеше проблеми и запре со трговија.

– Денеска имаше вест која помина незабележано, а тоа е дека македонската берза го суспендираше тргувањето од причина што отиде цената под 10% што е минимум колку што смеат да слезат цените на акциите. Тоа значи дека најголемите компании изгубија 10% од вредноста и тоа се 10% загрозени сите граѓани, и ништо не гарантира дека ќе нема друг пад. Владата мора да гарантира, истакна Николоски.

Тој додаде дека оваа влада се покажа како најнеспособна во историјата и не може да одговори на кризата, како што не одговори на досегашните кризи и затоа решение се предвремени парламентарни избори, затоа што не знаат како да се справат со проблемите.

Во врска со македонските евроинтеграции Николоски појасни дека воЕУ има скепса за почеток на преговори бидејќи со оваа власт Македонија има висока корупција, не се испорачуваат реформи и нема фунцкионален систем на владеење на право.

– Првата меѓувладина конференција на ЕУ и Македонија нема да се случи се додека е ова високо ниво на корупција.  Бугарија е само изговор. Ние немаме проблем со најсилната членка на ЕУ, туку со најслабата членка на ЕУ поради која има и скепса за проширување. Никој не може да не убеди дека Бугарија не може да се притисне од ова вето, изјави за „Што не е јасно“ на Алфа телевизија потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, додавајќи дека доколку ЕУ е убедена дека Македонија заслужува  да почне преговори проблемот ќе се реши веднаш, дипломатски тешкаш ќе слета во Софија и ќе ја заврши работата, а Македонија ќе почне преговори.

Тој истакна дека имајќи предвид дека во ЕУ има скепса по однос на почеток на преговори на Македонија со ЕУ, затоа што сметаат дека државата не е спремна.

– Има висок степен на корупција, не се испорачуваат реформи и нема фунцкионален систем на владеење на право. Кога би ги немале овие проблеми нашата позиција ќе е поголема и нема да може Бугарија да не уценува и да бара да се обезличиме, изјави Николоски.