Кој е виновен за енергетската криза, Вицепремиере Битиќи?
Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска и Вицепремиерот Битиќи беа гости на дебатна емисија на ТВ24.
Таа е честопати напаѓана од власта, поточно од СДСМ дека „не работи ништо, дека не е способна да ја ублажи кризата, па бара помош од Владата“, небаре самата таа лично треба да се справи со ситуации каде воопшто и градот Скопје нема надлежност.
Во еден момент таа му се обрати на Битиќи:
„А факт е дека во оваа енергетска криза не сме се довеле самите. Во оваа енергетска криза, ние сме тука затоа што требало да се реагира навремено со одредени мерки, коишто мерки, како што можевте да видите нити претходната гарнитура на градоначалници, и покрај тоа што им биле раксинато договорите, не преземале ништо за да се справат со таа криза. Што значи тоа, дека и тие чекале на вас да ги спасите, па сега и ние чекаме на вас да не спасите?“, прашаше Арсовска.
„Каков ребаланс да направиме на буџетите, кога толку многу се изедени, задолжени сме за три генерации. Од што да кратиме. Па од што да кратиме. Што и да направиме, каде и да скратиме, ние ќе погрешиме“, заклучи Арсовска.