Ковачки: Србија денес отвара нов клинички центар, а од клиничкиот во Штип 5 години нема ни трага ни глас!
Со коментар за она што се гради во соседна Србија се огласи Драган Ковачки, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Еве што напиша:
„Додека соседна Србија денеска повторно отвора нов клинички центар, изградбата на клиничкиот центар во Штип 5 години не е помрдната од мртва точка, а Европската банка за обнова и развој се повлече од проектот.
Причината јавно ја обелоденија – неспособност кај власта.
Сепак, тоа не беше пречка Филипче, на заминување од Владата, да им исплати милионски суми на евра на Грците токму за тој клинички центар.
Народот умира, тие пари прават.
Исто така, нема ништо ниту од ветувањето на СДСМ дека ќе изграделе нов клинички центар во Скопје.
5 години пропаст!
Линк до постот: