Денес се празнува Свети Труфун – заштитник на лозарите и градинарите!

Св. Трифун е роден околу 225 година, од родители христијани, така што и тој бил воспитуван во согласност со христијанската вера. Според христијанските верувања, уште од раното детство во него се пројавила необична Божја благодат со покажување на дар на чудотворство. Тој, на изненадување на своите современици, имал моќ над болните. Посебно душевно заболените по погледот на младиот Трифун биле излекувани. Некоја необична исцелителна сила зрачела од неговиот поглед. Меѓу многубројните негови чуда коишто ги вршел, се споменува и исцелувањето на ќерката на римскиот цар Гордијан. Тој имал необично убава ќерка и поради нејзината убавина многу кнезови ја проселе за своите синови. Но, се случило несреќа да оваа убава принцеза душевно се разболи. При страшните настапи на болеста, таа многупати сакала да се фрли во оган или вода. Ниеден лекар не можел да ја излечи, а на девојката ѝ било откриено дека единствено може да ја излечи „детето Трифун“, кое тогаш имало 17 години
Дознавајќи за необичната моќ на фригиското момче Трифун, царот го повикал да ја спаси неговата ќерка. Царските слуги, го нашле момчето покрај езеро како чува гуски. Затоа, тој често на иконите се слика опкружен со гуски. Тогаш, тие го повеле во Рим и тој веднаш ја излекувал. По излекувањето настапила неописива радост во дворот. Царот богато го наградил Свети Трифун, но тој не го задржал добиеното богатство, туку веднаш го разделил на сиромашните, и самиот живеел скромно во своето родно место. Но, по смррта на царот Гордијан, кој бил трпелив спрема христијаните на власт дошол крволочниот цар Дециј Трајан, кој наредил да се прогонуваат христијаните. Сите оние кои не сакале да се одречат, ги фаќале, ги мачеле и убивале.
Светиот маченик не сакал да бега и пошол кај управникот на покраината Акилин. Тој му наредил да им се поклони на боговите, во спротивно ќе биде подложен на најстрашни маки. Свети Трифун ја одбил неговата наредба и бил одведен во Никеја, по што следувало неговото мачење. Кога виделе дека ни мачењата не помагаат, решиле да го посечат со меч. Но, мачителот претходно наредил да го врзат за коњ и така врзан бос да го поведат во планина. Од силниот мтз и студ почнале да му отпаѓаат меса и прстите од нозете, но тој тоа го трпел без збор и, наместо протест, од усните на овој маченик се слушнала молитвата за гонителите: „Господи не им го пишувај ова за грев“. Најпосле, на денот кога требало да биде погубен, св. Трифун ја предал душата пред џелатот да го стави мечот на неговиот врат. Тоа се случило на 14 фебруар 250 година. Христијаните од ова место го зеле телото на маченикот и го пренеле во неговото родно место. Еден дел од светите мошти денес се наоѓаат во Москва, во храмот посветен на Светиот маченик Трифун.

Свети Трифун е празник главно познат по обредното закројување на лозјата. Едни го сметаат за последен од зимските, а други за прв од пролетните празници.

За многу години!

Постави одговор

Your email address will not be published.