Галески: ЈП Градски паркинг била киднапирана институција од страна на лица од власта, роднини и пријатели на лидер на политичка партија на власт дел од вработените во оваа институција

Јас ќе бидам по конкретен, очигледно информациите говорат за големи злоупотреби во ова јавно претпријатие и од тоа не смеат да бидат амнестирани ниту еден од учесниците во овој предмети и би рекол скандал и за ова мора да се говори јавно, вели Галески советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на советот на Град Скопје.

Во однос на финансиската состојба на јавното претпријатие Градски паркинг, Галески посочи дека и покрај субвенциите од 37 милиони денари доделени од Град Скопје, истото е со долг кон градот од 33 милиони денари што покажува злоупотреба на институцијата и создавање на паралелен систем, односно како што рече тој и додека сите други граѓани плаќале за услуга која што ја добиваат пратеници, бизнисмени, министри и политичари од власта не плаќале.

Финансиската ситуација на претпријатието говори дека градот Скопје на ова претпријатие има доделено 37 милиони денари субвенции, а епилогот на работата од ова е 33 милиони денари долг кон Град Скопје на ова претпријатие. Како се креираат долговите видовме во јавноста имиња на пратеници, бизнисмени, министри и политичари од власта кои што практично го злоупотребувале системот и создале паралелен систем и додека сите други граѓани плаќале за услуга која што ја добиваат овие луѓе не плаќале, рече тој.

Галески смета дека втора причина за лошата финансиска состојба се и вработувањата во претпријатието, додавајќи дека на списокот кој што го добил од свиркачи може да се забележат имиња на роднини и лица блиски до власта кои што практично ја киднапирале институцијата.

И зошто се креираа долгови втората причина е овој список кој што го држам во рака кој што ми е даден од свиркач каде што може да се прочитаат имиња на вработени, роднини на луѓе кои што се од власта и кои што практично ја киднапирале самата институција. Ќе го прочитам главниот критериум за вработување во оваа институција. Едниот вработен е член на претседателството на една политичка партија, таму е вработена и неговата сопруга, едно од лицата кое што беше често споменувано од јавност доби и унапредување, сега е директор на друга државна институција под надлежност на централната власт. Во ова киднапирано претпријатие има и внука на основачот на една политичка партија на власт, има роднина на претседател на една политичка партија која што е на власт, исто така неговата сестра е таму вработено. Исто така има вработено една роднина на генерален секретар на една политичка партија која што е на власт, кумашин на политички лидери од власта, кумови итн, потенцираше Галески.

Ова говори дека оваа институција била силно киднапирана и сега се дава одговор зошто има таква финансиска состојба каква што има. Значи не е само паралелниот систем кој што бил воведен а преку кои што биле злоупотребувани финансиите на претпријатието, туку и самото претпријатие било киднапирано, нагласи Галески.