Ѓорчев: 8.000 мртви од КОВИД е ужасот на Заев и Филипче

Интегрален текст на соопштението од ВМРО ДПМНЕ:

Почитувани,

Македонија предводена од Владата на Зоран Заев и Венко Филипче дојде до 8.000 починати лица од КОВИД.

Тоа е огромна бројка. И тоа не се само обични бројки туку луѓе, судбини и семејства.

Македонија има најголема смртност во регионот. Илјадници и илјадници семејства во Македонија ја поминаа голготата на овој катастрофален здравствен систем на Зоран Заев и Венко Филипче, каде што нема кревети, нема лекови, нема кислород, нема Брза помош.

Македонија беше последната земја во Европа која што доби вакцини, последната земја во Европа.

Резултатот е катастрофален. Резултатот е фијаско и дебакл.

8.000 починати луѓе од КОВИД, тоа е тажна и ужасна бројка за сите нас.