Се изврши примопредавање во Владата
Новоизбраниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски денеска ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев.
Премиерот во заминување Зоран Заев на претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, нему и на министрите им посака успех во работата и исполнување на програмата и приоритетите на новата Влада за наредниот период.
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски му се заблагодари на неговиот претходник Зоран Заев за исклучително позитивните остварувања во претходните два мандати и за поддршката во процесот на формирањето на новата Влада.