Расте предноста на ВМРО ДПМНЕ
„Поискусните знаат дека 4,6% предност на анкетите за опозиција е сериозна предност во услови кога имаме ваква поделеност во општеството.
Кога би го претвориле овој број во гласови, би било повеќе од 85 000 гласа разлика. На локалните избори имавме 55 000 гласа разлика, заедно со советничките листи. Сега таа е зголемена“, се истакнува во известувањето на Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО ДПМНЕ.