Премиерот на Бугарија, Кирил Петков сепак доаѓа во вторник во Македонија
Премиерот на Бугарија Кирил Петков денес излегува од изолација и ја потврди планираната посета на Македонија во вторник, 18ти јануари.
Средбата со Ковачевски е предводница на првата меѓувладина конференција која се најавува за 25ти јануари во Софија.
Реакциите се големи, прво откако Димитров обвини дека се подготвува национално предавство, а опозицијата дека македонската јавност не е запозната што преговарале Димитров, Заев и Османи.
„Дали македонската јавност повторно ќе биде изманипулирана и зад декларативна заложба дека ќе се почитува Резолуцијата, Ковачевски по стапките на својот ментор Заев ќе ги подрива македонските позиции“, прашуваат од опозициската ВМРО ДПМНЕ.