Не е работа на Владата да кажува каде какви малцинства има?!?!?!

Поранешниот Министер за правда, Бојан Маричиќ, а сегашен Министер за евроинтеграции, без око да му трепне изјави дека „нема да се мешаат во тоа какви малцинства има во Бугарија“, односно „тоа е и наша обврска од Уставот“, при тоа потсетувајќи не на срамниот договор што го потпишаа со Бугарија и Грција откажувајќи се од нашето малцинство кое живее во тие држави.

„Тоа е внатрешно прашање на сите држави во регионот, вклучувајќи ја и Бугарија, а секоја група на луѓе, етничка заедница или пак политичка партија или здружение, имаат право да ги бараат своите права преку Советот на Европа, Европскиот суд за човекови права или Европската конвенција за заштита на човековите права”, рече Маричиќ

„Кој друг освен Македонија да се интересира за правата на Македонците во Бугарија? Дали изјавата на Маричиќ значи дека ќе побара Бугарија да не се меша во правата на малцинствата во Македонија? Срамно и недостоинствено е однесувањето на потпретседател на Влада кое преставува продолжување и континуитет на срамните политики на заевизмот”, реагираа од ВМРО ДПМНЕ.

Кренаа раце од нив и ги тераат правдата сами да си ја бараат во Стразбур!!!