Најнов ковид биланс: 1.171 нов позитивен случај на КОВИД-19 и шестмина починати

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 7.932 тестирања, а регистриран е 1.171 нов случај на КОВИД-19:
Скопје – 641, Битола – 134, Охрид – 54, Прилеп – 48, Куманово – 39, Кавадарци – 34, Штип – 33, Гостивар – 26, Струмица – 23, Тетово – 21, Велес – 20, Крушево – 16, Кочани – 14, Гевгелија – 13, Кичево и Струга – по 8, Крива Паланка и Ресен – по 6, Виница – 5, Неготино и Пробиштип – по 4, Свети Николе и Берово – по 3, Демир Хисар и Дојран – по 2, Валандово, Кратово, Богданци, и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 204 оздравени пациенти од: Скопје – 120, Битола – 23, Гевгелија – 9, Ресен – 8, Прилеп и Кочани – по 6, Кавадарци и Велес – по 5, Куманово, Струга и Македонски Брод – по 4, Охрид – 3, Штип – 2, Струмица, Кичево, Неготино, Свети Николе и Богданци – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 4 починати лица од Скопје (69г, 77г, 84г и 91г) и по едно починато лице од Битола (78г) и Валандово (77г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Постави одговор

Your email address will not be published.