Горат социјалните мрежи откако СДСМ ја обвини градоначалничката Данела дека ги оставила скопјани без парно

„Неспособноста на градоначлниката на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска е на виделина.

Данела ги остави скопјани сами на себе среде глобална енергетска криза.

Јавно признава дека нема предивено ниту денар за помош на скопјани.

Ладните радијатори не ја интересираат. Неоговорно, но иронично, Данела се прави ненадлежна и се крсти во Владата предводена од СДСМ дека ќе им помогне на скопјани, истата Влада која секојдневно ја критикува.

Секако дека Владата нема да дозволи скопјани да останат без парно поради несподобната Данела“, се вели во соопштението од СДСМ.

На ова обвинување одговорија од град Скопје:

„Наместо да се занимаваме со препукувања поттикнати секојдневно од прес конференциите и соопштенијата на СДСМ, порачуваме Владата да го реши проблемот со греењето во Скопје и својата енергија да ја насочи кон тоа.

Градот Скопје и да сака не може да биде одговорен за проблемот со топлинската енергија во градот. Колку и да се обидува некој да прикаже поинаква слика фактите говорат дека цела одговорност е во рацете на Владата. Ниту градот Скопје има средства колку што има Владата на располагање, ниту има инфраструктура што ја поседува Владата да го разреши овој проблем, па ниту има ингеренции“.

После овие соопштенија, социјалните мрежи буквално се запалија со коментари од граѓаните:

„Дали Данела е сопственик на топлификација“?

„Бевте неспособни лажови тоа и останавте. Ви беше крив Груевски, после Данела, кога уште од мај се најавуваше кризата викавте дека тоа е во главите на вмровците. Бидете фер еднаш признајте ја својата неспособност“.  

„Шилегов ги остави Скопјани на цедило…Го испразни буџетот на градот, го презадолжи Скопје, па сега друг е крив???…Хаосот што го остави, нее лесно да се среди“!!!

„Што да се пише за овие сдсм дали се свесни што прават народот го оставија без струја без парно море ќе ви ги донесам сметките за струја за парно за кабловска вие ќе ги платите, кога сте неспособни дајте си цела влада оставка, а не уште да крадете“.

„Да бе, каде се парите што плаќаме цела година за парно или како штурецот цело лето свирел, а сега ќе ми студи така и топланите не се снабдиле на време ама народот е за никаде треба надвор сите на улица“.

„Граѓани на град Скопје, не туку кукајте и вината ја барајте во новата градоначалничка Данела која ни малку не е крива за хаосот што и го остави неспособност Шилегов . Обвинете ја владата што им прави опструкции на сите нови градоначалници и на крајот излезете пред Влада , Собрание зошто вие ќе бидете без парно, но вие само на ФБ се силите на терен никаде ве нема“.

„Значи ова е патологија со безобразлук, кристално јасно е, не набавија на време енергенси и сега виновен е друг“!

„Дали БЕГ е ЈП на град Скопје, дали град Скопје ги поставува раководителите,според вас треба и струјата да ја плаќа, треба и возовите да ги плаќа, бидете реални во објавите“.