Александар Николоски: Недозволиво што МНР не реагира за ставовите на Слави Трифонов

„Ние нема да поддржиме решение кое би било надвор од Резолуцијата на македоснкото Собрание со која беа исцртани црвените линии на Македонија“, изјави Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ.

„Недозволиво е да не се реагира на вакви изјави. Да имеше изјава обратно, од оваа страна, да речеме, претседателот на СДСМ или на ДУИ да имаа ваква навредлива изјава кон Бугарија и бугарскиот народ, бидете убедени дека амбадасорот, кој што за жал го нема во Софија, ќе беше повикан и ќе му беше врачена протестна нота од страна на бугарското МНР“.

Изјавата доаѓа како резултат на провокативниот напис на Фејсбук на Слави Трифонов, во која се вели дека „северномакедонците треба да ги признаат нивните историски бугарски корени“!