Александар Николоски избран за потпретседател на Европската народна партија во ПС на Совет на Европа
Во периодот од 24 до 28 Јануари се одржува зимската сесија на Парламентарното Собрание на Совет на Европа во хибриден формат заради состојбата со корона пандемијата. На сесијата која почна утрово пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски е избран за потпретседател на групата на Европската Народна Партија во Парламентарното Собрание на Совет на Европа.
Овој избор значи дека Николоски ќе биде еден од лицата кои ќе координираат со работата на Европската народна партија во ПС на Совет на Европа. Покрај Николоски на оваа значајна позиција избрани се и Бернард Фурние од Франција сенатор со најдолг стаж една од најзначајните фигури на француската политика, Дора Бакојани од Грција поранешен министер за надворешни работи, Улрих Вокер од Германија, Луис Рамос од Португалија и Ингерд Шо од Норвешка. Николоски во својот ангажман секогаш ќе стои во промоција и одбрана на интересите на Македонија, како и на националните и јазични малцинства во регионот, како и правото на македонците на самоопределување во сите балкански држави, како што тоа го правеше и во минатото.
ЕПП е најголема политичка сила во Европа, со најмногу пратеници во Европскиот Парламент и во ПС на Совет на Европа, како и најмногу премиери и претседатели на држави, а од ЕПП доаѓаат и првите луѓе на Европската Унија пред се претседателката на Европската Комисја, Урсула фон дер Лајн.