Ако СДСМ не беше неспособна ќе продолжеше со гасоводот кон Грција во 2017

Соопштение од официјалната страна на ВМРО ДПМНЕ, кое го пренесуваме во целост:

„Ако СДСМ не беше неспосoбна ќе продолжеше со гасоводот кон Грција во 2017, ВМРО-ДПМНЕ остави проект и обезбедени средства.

Проектот за интерконекторот кон Грција ВМРО-ДПМНЕ го потпиша уште во 2016 година, а пари за проектот беа обезбедени во 2017 година.

СДСМ тогаш наместо да продолжи со реализација тие неосновано го запреа.

Доколку СДСМ имаше малку капацитет за реализација на стратешки проекти, сега цела држава ќе имаше гас, во секој град, во секое село.

По 5 години државата не е ниту еден чекор напред, туку назад. Време е тоа да се промени. Избори што побргу“, додаваат од најголемата опозициска партија.