41 починат, тие си одмараат на плажа
На социјалните мрежи вчера се појавија фотографии од Министерот за здравство Венко Филипче и братот на Премиерот, Вице Заев, како заедно одмараат на плажа.
Сето ова во моменти кога Македонија брои рекордни 41 починат на дневно ниво и е на прво место во Европа по смртност од Ковид.
Сето ова во моменти кога пред една недела 14 луѓе живи им изгореа во модуларната болница во Тетово.
Сето ова во моменти кога Филипче поднесе т.н. оставка, која не беше ништо друго освен „мачкање очи на јавноста“, а Заев чека „резултати од истрагата, па ќе размисли дали да ја прифати оставката!“
Нема потреба од понатамошен коментар!