20 години од ѕверскиот масакр кај Карпалак
На 8 август 2001 година 10 резервисти беа убиени, а тројца ранети кога конвој од хермелин, два автобуса, камион и комбе од Прилепската касарна одеше кон Тетово. Кај месноста Карпалак конвојот беше начекан во терористичка заседа во 9:30 часот и врз него беше отворен жесток оган од тешки митралези и рачни ракетни фрлачи. Едно транспортно возило беше погодено со ракетен фрлач, при што загинаа осум војници и двајца офицери, сите од резервниот состав. Со ракетен фрлач беше погоден и еден од автобусите. Борбите за извлекување на преживеаните 108 луѓе траеа повеќе часови.
Слава на загинатите херои:
Нане Наумоски († 48) ─ од Прилеп
Сашо Китаноски († 39) ─ од Прилеп
Бранко Секулоски († 42) ─ од Прилеп
Горан Миноски († 29) ─ од Прилеп
Марко Деспотоски († 27) ─ од прилепско Новоселани
Ердован Шабаноски († 20) ─ од Прилеп
Љубе Грујоски († 31) ─ од прилепско Пашино Рувци
Дарко Велјаноски († 27) ─ од прилепско Ропотово
Веби Рушитоски († 26) ─ од Прилеп
Пеце Секулоски († 29) ─ од прилепско Бело Поле
Македонија и македонскиот народ нема да ве заборават!