Ќе се оладиме ли денес?
За денес метеоролозите предвидуваат сончево време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на невреме со град и силен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 39 степени. Попладне и во Скопската Котлина ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.