Нели за народот и правдата, Апасиев?

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев ја отфрли понудата на Христијан Мицкоски, за заеднички настап со ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори за да го срушат Заев од власт.

Со низа навреди кон опозиционата ВМРО ДПМНЕ и лидерот Мицкоски, Апасиев напиша на својот фејсбук профил дека:

„ – Има двегодишна забрана на ТВ Алфа да кани гости од Левица;

– Курир, Република, Нетпрес и остали со месеци наназад водат валкана кампања против Апасиев („пудлицата на Заев“) и Левица, по директива на Белата палата;

– договара легализација на дивоградби со Заев во четири очи, во корист на урбаната мафија;

– аминува фингиран Попис, за вештачки демографски етно-инженеринг на Македонија;

– ќути на двојазично Собрание (и остава двајца пратеници да ја бијат битката со Џафери и ДУИ);

– прифаќа етницитет во лични карти, како да сме Руанда;

– прави кворум на Закон за државјанства, за косоваризација на МК (со цел да им се додвори на наци-фашистите од Алијанса);

– малициозно спрема покварени измени во Изборен законик, со снајперски оган насочен директно против Левица (фб-рекламирање)…

На ова не остана должен пратеникот Бране Петрушевски кој во стилот на Апасиев му врати на сопствениот Фејсбук профил:

„Очигледно во таа партија не се дискутираат можностите да се урне власта, туку лидерот на партијата сабајлечки откако ќе се разбуди полн со себе и после куса дискусија со сопственото его, решава веднаш да одговори на коректен предлог со тоа што ќе вреѓа. За да дојде некој на власт, мора друг да биде срушен од власт. Левица сама не може ни сега, а нема да може ни во иднина да стане самата власт. Но, очигледно Апасиев сака тоа да го искуси по потешкиот пат. Овде во прашање е или суетата на Апасиев кој е во налет да го освои целосно епитетот „младиот Фрчко“, или пак човекот работи за власта и е создаден да ги опструира сите обиди за рушење на власта.Левица ќе има четири пати помалку гласови од ВМРО, тоа нема да се промени до следните парламентарни. Би сакал да прашам – кој најмногу користи од ваквиот став на Апасиев?Тука се крие суштината на неговото делување. Со пцовки и вулгарности не се стига далеку. Има вакви случаи како Апасиев и Левица низ регионот, сите згаснуваат после првичната еуфорија и откако народот ќе види дека се работи за егзибиционисти кои поима немаат што значи власт и одговорност. Со зборови како „куриња, куртони..“ кои се често употребувани од Апасиев, не се владее. Со неуротични потези и ставови не се владее. Некои кои се во моментов импресионирани од „младиот Фрчко“ ќе сфатат за каков човек станува збор. Еве да прашам зошто не кандидира градоначалници? За да не видите дека не ги бива за ништо, дека една шајка не знаат да заковаат, единствено што знаат е да пљампаат ко стринки и да се расправаат расфрлајќи се со несоодветни невоспитани изрази, глумејќи патриоти. Јас да сум на местото на лидерот Мицкоски не би се замарал со ваква будала, која патем кажано толку често употребува зборот куриња, што очигледно е дека има некој проблем со таа работа.“

Постави одговор

Your email address will not be published.