Трагедија на скопска Гинекологија
Вчера вечерта на Клиниката за гинекологија и акушерство во Клиничкиот центар ,,Мајка Тереза” во Скопје, починала родилка, врз која вчера бил спроведен царски рез и било констатирано дека бебето е мртво, објави Канал 5 телевизија.
Случајот за Канал 5 го потврди директорката на Гинекологија, Викторија Јовановска која повеќе детали најави за утре.
Јовановска информира дека станува збор за родилка на која ова и била 12-та бременост и дека досега имала шест абортуси и шест раѓања. Од фамилијата на родилката рекоа дека таа на Гинекологија била однесена вчера, па откако било направено Це Те Ге на детето и според нив, констатирано дека било се во ред, за што поседуваат и документ како што тврдат. Како што кажуваат од Клиниката, пак, на жената и кажале дека Це Те Ге- то е добро и не е добро и и рекле за саат време да се врати назад на уште една проверка.
Но, кога ја побарале, таа била замината дома. Според роднини на родилката откако наводно и било кажано да дојде денеска на нов преглед ,по два часа од прегледот направен вчера на пат кон дома, како што објаснуваат нејзини роднини, родилката прокрварела и била повторно вратена назад, по што била подложена на царски рез.
Како што информиравме, повеќе детали од ГАК најавија за утре, а Канал 5 ќе го проследи случајот со повеќе детали во утрешните информативни изданија, најави телевизијата.