Стоилковски: Нов заменик министер во здравство ќе бил бизнис партнерот во Касарната на Филипче?

Нов заменик министер во здравство ќе бил бизнис партнерот во Касарната на Филипче?
Илир Хасани, Директор на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ?
Па ова е ненормално неморално криминогено и максимално поразително за секој со колку-толку нормални очекувања за право и правда.
Мафијата го поставува бизнис партнерот на Филипче, со кого имаат заеднички имоти и ја градат “Касарната” на Водно, додека на третиот партнер и содружник на плацевите му делат тендери!
И д-р. Илир Хасани тоа го призна, никој ништо не презеде, ниту му рече.
Сега уште и системот го на(д)градува!
Ама ќе се бореле, партискиот секретар ќе терал против корупција. Се гледа од распоредот.
И секако, овој случај уште спие во ДКСК.
Браво бе Антикорупционерке,
Ама браво бе и Обвинителке во организиран криминал.
Ова се случува додека без срам велиш по интервјуа дека апсурдни биле обвинувањата за штитење на мафијата на власт, па место да гониш случаи ја тужиш опозицијата.
Па порачува, внимавајте, ако добиела на суд ќе ги донирала! Помафијашки, здравје, во Холивуд!
Ај, бидете си така, фино распоредени на позиција, кучињата да лаат карванот да си врви, нели?
Резил!

https://www.facebook.com/naum.stoilkovski/posts/10158409510990499