Би-Би-Си го демантира Филипче, ја смести Македонија во земји со најголема смртност од КОВИД-19 во Европа

Иако секојдневно во Македонија имаме троцифрен број на новозаразени од коронавирус, министерот за здравство Венко Филипче вели се е под контрола. Наспроти ваквите тврдења од здравствените власти, Би-Си-Си ја стави Македонија во земјите со најголема смртност во Европа.

Филипче на неговиот профил на социјалните мречи напиша дека ситуацијата е под контрола и во изминатаат недела има намалување на бројот на нови позитивни случаи и починати.

„Намалување на нови позитивни случаи и починати, а зголемување на бројот на оздравени бележи последниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 21 до 27 септември. Од 9.691 тестирања дијагностицирани се 890 новозаболени, 6,4% помалку во однос на минатата недела‘‘,  вели министерот Филипче.

Наспроти ваквите тврдења на здравствените власти во Македонија, Би-Би-Си ја смести земјава во рангот на земји со најголема смртност во Европа и земја со најлоша слика на Балканот.

Македонија има убедливо најлоша корона слика на Балканот и е меѓу земјите кои имаат најголема смртност во Европа, покажува најновата анализа на националниот британски медиумски бренд Би-Би-Си.

Па така, во британскиот медиум BBC пресметале дека со 34,6 починати на 100 илјади жители Македонија има најголема смртност во регионот. Најблиску до нас е Косово каде на 100 илјади жители починале 26,4. Следи Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Од соседите, освен Косово, сите останати имаат три пати помала смртност отколку во Македонија, а во Грција смртноста е за дури 10 пати помала. Во Албанија починале 12,9 пациенти на 100 илјади жители, 11,2 во Бугарија, 10, 7 во Србија и само 3,5 во Грција.  Во европски рамки Македонија е на деветтото место. Најлоша е сликата во Белгија по што следат Шпанија и Велика Британија.

Од Министерството за здравство, пак, објаснуваат дека високата смртност во Македонија се должи на различната методологија која земјава ја користела за евиденција на смртните случаи.

Постави одговор

Your email address will not be published.