8 постапки на џентлмените што може да го стопат срцето на секоја жена
Жените сакаат да бидат независни, но длабоко во себе, сакаат да бидат третирани како дами. Но, реалноста е поинаква и денес ретко ќе сретнете вистински џентлмен. Во продолжение прочитајте како да го освоите срцето на една жена преку вашето воспитување и вашиот начин на однесување.
- Ви ја држи вратата отворена
Еден од знаците дека тој е кавалер е отворањето на вратата и повлекувањето настрана за вие да поминете први. Истото важи за поместувањето на столот за да седнете и кревањето тешки предмети.
- Ви се јавува кога ќе рече дека ќе ве побара
Жените се навикнати да чекаат повик од својот партнер со часови и постојано да го проверуваат телефонот и нема ништо повеќе вознемирувачко од тоа.
Ако тој ви рече дека ќе ви се јави во 17:30 часот и ви се јавува токму во тоа време, потрудете се да го задржите во вашиот живот.
- Не игра игри
Нема ништо попривлечно од тоа јасно да ви даде до знаење дека е заинтересиран за вас и дека му се допаѓате.
- Изразување интерес за средба со вашето семејство и со вашите пријатели
Ако вашиот партнер е заинтересиран да се запознае со вашето семејство и со вашите пријатели, тогаш тоа е знак дека има сериозни намери со вас.
- Покажување љубов во јавност
Жените сакаат кога мажите им изразуваат љубов во јавност, па доволно е да ве фати за рака додека се шетате или да ве бакне на образ. Самиот факт што тој сака да им покаже на другите дека ве сака, прави да се чувствувате фантастично.
- Ви се јавува за да провери дали безбедно стигнавте дома
Ве чека да стигнете дома и потоа ви се јавува за да провери дали сте на безбедно. Исто така, никогаш не ве остава сама на застрашувачки и небезбедни локации.
- Ви ја нуди својата јакна кога ви е ладно
Ако некој е спремен да го издржи ладното време и да ви ја даде неговата јакна само за да ви биде топло и пријатно, бидете сигурни дека покрај вас имате вистински џентлмен.
- Се грижи за вашето мислење и ве почитува
Ако партнерот има сериозни намери со вас, тој ќе сака да научи повеќе работи за вас, за тоа како размислувате и како реагирате. Она што најмногу треба да го цените кај партнерот е тоа што тој ги почитува вашите мислења и ставови.