3 причини зошто никогаш не треба да ги решавате туѓите проблеми
Да им помогнете на другите не е толку корисно колку што мислите. Во ред е да помогнете некому ако се најде во неволја, но не мора да ги решавате туѓите проблеми затоа што на крајот тоа ќе ви наштети вам.
Постојат 3 причини зошто никогаш не треба да ги решавате туѓите проблеми:
- Вие ги негирате издржливоста и снаодливоста на луѓето
Луѓето се раѓаат без да знаат како да решат проблем или да најдат решение. Сето тоа доаѓа со текот на времето. Оваа способност има когнитивни, емотивни и бихевиорални аспекти. Тоа значи дека личноста едноставно не може самостојно да научи да решава проблеми преку ноќ.
Единствениот начин е да се соочите со проблемите и сами да ги решите. Решавањето на сопствените проблеми ви помага да бидете снаодливи, издржливи и секогаш во движење.
- Го спречува развојот и предизвикува зависност
Што се случува кога некоја личност има некој што постојано ја вади од неволји? Едноставно престанува да се развива и да напредува и останува ментално незрела личност.
Ова доведува до појава на голем број последици. Прво, луѓето не знаат како да ги решат своите проблеми самостојно и стануваат зависни. Тие не знаат ништо да постигнат сами, а сето тоа на крајот води кон себичност и дрскост.
- Дали навистина знаете што е најдобро за нив?
Ова е една од најголемите причини зошто не треба да ги решавате туѓите проблеми. Што точно ве натера да мислите дека знаете што е најдобро за другите? Вие го гледате светот со различни очи од оние на кои им помагате. Она што е добро за вас може да биде погубно за другите.
Понекогаш, дури и најдобрите намери имаат страшни последици. Никој нема право да им ги наметнува своите решенија на другите луѓе.
Желбата да решавате туѓи проблеми е секогаш лоша идеја затоа што на тој начин личноста на која ѝ помагате може да се посомнева во своите способности.
Ако сакате да помогнете, доволно е да бидете поддршка.