Филипче: Не препорачувам граѓаните да патуваат надвор од границите
Со оглед на тоа дека Грција, Црна Гора не ги отвораат границите за граѓаните од Македонија, во Бугарија со ПЦР тест, а Албанија не бара ништо, сепак, министерот за здравство Венко Филипче не препорачува патувања.
Тој во „Само вистина“ рече дека не им препорачува на граѓаните да патуваат на додмор во некоја од соседните земји, па ни подалеку, затоа што не ја знаеме ситуацијата таму.
– Не се грижам за границите воопшто, дали некој ќе ги отвори за нас или не. Летото ќе помине, знам дека сакаат луѓето да патуваат, но не им препорачувам – вели Филипче