Средношколците идната недела излегуваат на протести
Сојузот на средношколци в петок, наредната недела најави протести против одлуката на Министерството за образование новата учебна година од септември поради пандемијата со коронавирусот да се одвива онлајн. Протестот е предвидено да започне од министерството, а ќе заврши пред Владата, каде што тие ќе ги упатат нивните барања.
Доколку учебната година се одвива онлајн, од Унијата најавуваат дека ќе ја бојкотираат наставата. Тие ќе бараат комбиниран модел, односно настава со физичко присуство онаму каде што дозволуваат здравствените услови.
Владиниот прес-центар вчера соопшти дека Владата и претставниците на средношколците ќе соработуваат на усовршување и најдобра имплементација на моделот според кој ќе се организира и спроведува наставата во основното и средното образование во услови на ковид-19.