Снимките покажале дека Топалоски бил тепан со пиштол, МВР со кривична пријава против Нефи Усеини
Охридската полиција констатирала дека бил употребен пиштол во нападот на Спире Топалоски од страна на Нефи Усеини, неговиот брат и уште две лица, пишува „А1он“.
Неофицијално, ова било потврдено по прегледот на снимките од видео надзорот, кои се одземени од хотелот каде вчера се случи инцидентот.
Полицијата извршила и разговори со очевидци, односно лица кои се затекнале таму во време кога Топалоски бил нападнат. Од МВР најавуваат дека ќе поднесат кривична пријава против Усеини, по што, случајот ќе треба да го процесира Обвинителството.