Мексиканската армија откри тунел за нелегален влез во САД

Мексиканската армија објави дека една патрола открила незавршен тунел ископан под реката Рио Гранде, кој бил наменет за нелегални преминувања на територијата на САД.

Тунелот е пронајден половина потопен во вода, а воена патрола открила и пумпа која очигледно била користена за испумпување вода за време на нелегалните премини кон Америка.

Нелегалните гранични премини се вообичаени во оваа област недалеку од градот Метамор, поради трговија со дрога и луѓе.

Постави одговор

Your email address will not be published.