Македонските универзитети повторно ги нема меѓу првите 1000 на Шангајската листа

Американските универзитети ја задржаа доминацијата на врвот на Шангајската листа на најдобри универзитети во светот. Осумнаесетта година по ред, американскиот универзитет Харвард е неприкосновен на врвот на оваа листа, составена од независната консултантска агенција Шангај ранкинг консултанс.

Универзитетот Стенфорд е втор на листата, а Кембриџ е трет.

Македонските универзитети ни годинава не се најдоа на оваа листа, а ист е случајот и со универзитетите од Бугарија, Босна и Херцеговина, Албанија и Бугарија. Од регионот, Грција има 6 универзитети меѓу најдобрите 1.000, додека Србија и Хрватска по еден.

Шангајската листа се објавува од 2003 година, каде според шест критериуми се рангираат 500 универзитети од 1.200 регистрирани ширум светот.

Критериумите вклучуваат: број на добитници на Нобелова награда меѓу поранеши студенти, број на истражувачи кои најмногу се споменуваат во нивните дисциплини и број на публикации во специјализирани списанија.

Постави одговор

Your email address will not be published.