ВИДЕО: Македонија доби анти реформска влада на криминал, лаги, корупција на чело со Зоран Заев
Република Македонија ја доби антреформската влада на чело со Зоран Заев. Оваа антиреформска влада наместо проекти и реформи со себе носи криминални афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата истакнуваат дека Македонија доби премиер без кредибилитет, заглавен во криминал до гуша.
-Афери во кои е замешан Зоран Заев се: „Рекет 1“, „Рекет 2“, „Леонардо“, афера купување на гласови, афера криминални иновации, „Дака“. Зоран Заев и неговата Влада даваат лажни ветувања, и секојдневно потонуваат во корупција. Македонија и македонските граѓани добија влада на криминал, лаги, корупција. Нашите граѓани не заслужуваат премиер кој својот народ го навредува, се наведува во соопштението на партијата.