Бројот на загинати во експлозијата во центарот на Бејрут што се случи во вторникот денеска се искачи на 158, а повредени се повеќе од 6.000 лица, соопшти либанското Министерство за здравство.
Како што се наведува, 21 лице се водат како исчезнати.
Експлозијата во пристаништето во Бејрут ја предизвикаа повеќе од 2.700 тони амониум нитрат, кој бил складиран шест години, откако бил конфискуван од царинската служба.