Божиновски: Не верувам дека старо новата влада на СДСМ ќе ги исполни очекувањата на граѓаните
Аналитичарот Владимир Божиновски во гостување во „Само вистина на Канал 5“ смета дека старо – новата влада на СДСМ нема да ги исполни очекувањата на граѓаните, ако се погледни она што го ветувала во 2017 година а што реализирала до 2020 година,
-Па со оглед на тоа што се случуваше со истата влада од 2017 до 2020 година искрено не верувам. Ако погледнеме што беше ветено 2017 година а што се исполни 2020 година искрено не верувам. Така да мислам дека во оваа ситуација со дополнително два проблеми кои што се од исклучително значење и ќе бидат претпоставувајќи од месец октомври тоа е економската и здравствената криза навистина мислам дека ќе биде многу тешко да се исполни, вели Божиновски.
Според Божиновски, оваа тенко мнозинство на СДСМ составено од 4 политички партии од 62 пратеници не верува дека ќе има политичка волја и сила власта да се посвети на она што е од значење за граѓаните и државата.
-62 пратеника, четири партии внатре, ДПА со еден пратеник, ДУИ со 15 пратеници, БЕСА со 4 пратеника, останатите се СДСМ и коалицијата. Толку е тенко мнозинството, а толку ќе треба да се координираат, значи 4 политички партии, што навистина не знам колку ќе остане политичка волја и сила да се посвети власта на она што е најзначајно за државата и граѓаните а тоа е да се обезбеди некако развој или јас во случајот би рекол да се обезбеди каква таква стабилност во следната година, рече тој.