Чибишев: Неспособноста на Филипче и Заев се плаќа со животи

Бројката на новозарарзени со корона вирусот од ден на ден само се зголемува, истакна на денешната прес-конфернција доктор Андон Чибишев.

-Колку за илустрација. Штип, градот на текстилната индустрија по последно објавените бројки е втора општина по бројот на новозаразени со корона вирусот. Бројката на активни случаи во градот се движи кон 500. Ниту епидемиолозите, ниту eкспертите за заразни болести не очекуваат во наредните денови бројката на новозаразени да се намалува. Но, ова не е тренд само во овој град, туку во сите останати градови ширум државата. Бројката се зголемува и во помалите општини кои не бележеа нови случаи, вели докторот.

Тој додава дека ниту најгласните функционери за почитување на мерките деновиве гледаме како не ги почитуваат истите.

-Бројот на заразени од корона вирусот надмина 10 илјади, а бројката на починати се движи кон 500. Ова само покажува дека надлежните ниту знаат каде одат, ниту како треба да се справат со тешката ситуација. Надлежните не ги знаат ниту кластерите, не ги знаат изворите кои ја шират болеста. Не знаат ниту што ни се случува, дали е ова пик на првиот бран, ниту дали е втор или што е воопшто ова што денес ни се случува. Поради неспособноста на Владата на СДСМ состојбата не е под контрола. Ситуацијата која произлезе од КОВИД-19 само ја потврди неспособноста на Владата на СДСМ да менаџира како со текот на епидемијата, така и со здравствениот систем воопшто. Здравствениот систем се движи кон работ на пропаста. Ќе беше добро да слушнеа нешто од предлозите на експертите и да превземеше нешто што ќе спасува животи, истакнува доктор Чибишев.