Регулаторна ги објави новите цени на горивата
Според најновите корекции на регулаторите кои се базираат врз движењето на цените на нафтените деривати на светските пазари донесена е одлука за намалување на малопродажната цена на бензините.
Според новите корекции сега малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 20.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,50 ден/лит.
Кај дизелот цената останува непроменета и ќе се продава по минатонеделната цена односно останува на исто ниво како што била утврдена со Одлуката од 20.07.2020 година, и ќе изнесува 53,00 ден/лит.